Целосна листа на најдобро рангираните образовни центри за 2021 година

99Schools ги анализира сите препораки од алумни и од студентите и ви овозможува да ги прегледате најдобро рангираните формални и неформални едукативни центри.

Не си сигурен од каде да започнеш ?

Одбери тип на образование
Одбери програма
  • Brainster

    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green

    4.78/5

    (116) Импресии

    Локација - Скопје

    Програми - Академија за Програмирање - Full Stack, Академија за Дигитален Маркетинг, Академија за Графички Дизајн, Академија за Front-End програмирање, Академија за Software Testing, Академија за UX/UI Дизајн, Академија за Data Science, Full-stack HR академија, Академија за Project & Product Management

    За образовниот центар

    Brainster е интернационална и акредитирана едукативна институција која нуди висококвалитетни академии за луѓе кои сакаат да променат кариера. Низ академиите, курсевите, партнерите за вработување, реалните проекти, експертите од индустријата, истражувачите, иноваторите, професорите и тимот, Brainster им помогна на повеќе од 10 000 луѓе во 4 држави да дојдат до кариерата која ја посакуваат. Brainster организира академии во следните области: Програмирање, Data Science, Маркетинг, Дизајн, UX/UI, Software Testing, HR, Project and Product Management и Business Intelligence.

    1

  • Факултет за деловна економија и организациони науки

    Универзитет Американ Колеџ Скопје

    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green

    4.58/5

    (18) Импресии

    Локација - Скопје

    Програми - Менаџмент, Маркетинг, Финансии, Менаџмент, Маркетинг, Финансии и банкарство, Докторски студии по економија, Докторски студии по бизнис администрација

    За образовниот центар

    Факултетот за деловна економија и организациони науки (ФДЕИОН) при УАКС има повеќе од 30 наставници кои се дел од академскиот кадар. Преку синтеза на нивното знаење и експертиза, на студентите им се нуди единствена можност да учат од најдобрите. Студентите на ФДЕИОН се поттикнуваат да размислуваат во насока на разрешување на најразлични проблеми од теоријата и практичната област. Знаењето и искуството на кадарот на ФДЕИОН им овозможува на студентите сеопфатен поглед на професијата и материјата која ја изучуваат. Освен тоа, ФДЕИОН во наставата вклучува и визитинг професори од САД или ЕУ, кои го збогатуваат знаењето на студентите со меѓународно искуство.

    2

  • Семос Едукација

    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green

    4.42/5

    (30) Импресии

    Локација - Скопје, Охрид

    Програми - Академија за графички дизајн, Академија за веб дизајн, Autodesk Академија за внатрешен дизајн, JavaScript Академија, IT Академија за средношколци, Unity Академија за Game Development, Unity Академија за Virtual Reality, WordPress Академија, Академија за Automation Software Tester, Data Science Институт, UX Design Академија, Академија за вештачка интелигенција, HR Академија, Академија за Дигитален маркетинг, Autodesk Академија за Продукт дизајн

    За образовниот центар

    Главната задача на Семос Едукација е развој на голем обем на курсеви дизајнирани за потребите на најразлични корисници со различно ниво на познавање на компјутерска технологија. Посебно внимание се обрнува на соработката со компаниите и институциите, преку организација на прилагодена обука за истите, обрнување внимание на нивните потреби и нивниот внатрешен развој. Семос Едукација исто така делува како сервис за образовна поддршка за компании во регионот. Опремени со софистицирана информациска технологија и високо-образован кадар, Семос Едукација ги поставува стандардите во квалитетот на образованието. Семос Едукација развива систем на компјутерско образование, како неформално образование кое го подигнува рангот на компјутерското образование. Заедно со наставниот систем, кој постојано се развива, Семос Едукација го координира и организира системот за сертификација на знаење, во контекст на меѓународниот систем за сертификација. Семос Едукација е комплетен образовен сервис во полето на информациската технологија, како и други области како менаџмент, маркетинг итн.

    3

  • Факултет за политички науки

    Универзитет Американ Колеџ Скопје

    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green

    4.41/5

    (8) Импресии

    Локација - Скопје

    Програми - BA in International Relations and Diplomacy, BA in Economic Diplomacy, BA in Psychology

    За образовниот центар

    N/A

    4

  • Seavus Education & Development Center (SEDC)

    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green

    4.11/5

    (41) Импресии

    Локација - Скопје, Охрид

    Програми - WEB DEVELOPER, CLOUDOPS NETWORK ENGINEER, SECURITY SPECIALIST, Графички дизајн, Веб дизајн, GAME DESIGN, SOFTWARE TESTER, ACADEMY FOR DATA SCIENCE, Академија за Дигитален маркетинг

    За образовниот центар

    Seavus Education & Development Center (SEDC) е приватна компанија основана во септември 2010 година како дел од Seavus Group и специјализиран центар за обука за едукација на персоналот во областите програмирање, дизајн, компјутерски мрежи, софтверско тестирање, дигитален маркетинг и наука за податоци. Неговото богато портфолио на образовни програми вклучува организација на годишни академии наменети за деца, млади и возрасни, специјализирани обуки за вработените и кратки обуки за поединци. Нејзината образовна програма обезбедува доказ дека „SEDC“ ги следи светските трендови, одговарајќи на зголемената побарувачка за професионалци во ИТ и дизајнерската индустрија. Од 2018 година, ‘’ SEDC ’’ е најголемата академија за технологија и дизајн во Македонија што ја добива довербата на над 400 студенти, годишно. Во 2019 година, во рамките на образовниот центар, се отвора и еден од трите акцелератори поддржани од Фондот за иновации и развој кој има за цел да го стимулира претприемништвото во Македонија, преку поддршка и инвестирање во нови стартап бизниси.

    5

  • Градежен факултет

    УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ" СКОПЈЕ

    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green

    4.03/5

    (11) Импресии

    Локација - Скопје

    Програми - Градежништво, Геодезија, Геотехничко инженерство, Градежништво-конструктивна насока, Градежништво – хидротехника, Градежништво – Транспортна инфраструктура, Геодезија - последипломски студии, Геотехничко инженерство - последипломски студии, Менаџмент со недвижности, Градежништво - докторски студии

    За образовниот центар

    ГРАДЕЖEН ФАКУЛТЕТ е најстариот Технички факултет во Македонија, формиран во 1949 година и e интегрален дел на најголемиот Универзитет во нашата држава, Универзитетот ,,Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”. Денес, Градежен факултет е високо ценета јавна високообразовна институција која врши образовна, научно-истражувачка, применета и издавачка дејност од областа на градежништвото, геотехниката и геодезијата. Основната мисија на Градежниот факултет е едукација, стручно оспособување, но и подигнување на целокупното функционирање на нашето општество во насока на приближување кон идеалите што пред себе ги поставија земјите од Европа. Оваа своја основна цел ја спроведува преку: • продукција на високообразован стручен кадар од областа на градежното, геотехничкото и геодетското инженерство на ниво на додипломски, последипломски и докторски студии; • поттикнување и остварување на научно-истражувачката дејност; • постојана соработка со стопанството, првенствено со градежната оператива, црпејќи корист од нивните искуства и нудејќи ги за возврат резултатите од сопствените истражувања; • освен стручното оспособување на студентите, извонредно важен чинител е нивното оформување во целовити личности, со сопствен став за општесвеното живеење, но и со елан да се учествува во тие токови; • имплементација на Европскиот Кредит Трансфер Систем – ЕКТС.

    6

  • МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ

    УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ" СКОПЈЕ

    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green

    3.79/5

    (65) Импресии

    Локација - Скопје

    Програми - ПРОИЗВОДНО ИНЖЕНЕРСТВО, ТРАНСПОРТ, МЕХАНИЗАЦИЈА И ЛОГИСТИКА, ТЕРМИЧКО ИНЖЕНЕРСТВО, ХИДРАУЛИЧНО ЕНЕРГЕТСКО ИНЖЕНЕРСТВО, МАТЕРИЈАЛИ, ПРОЦЕСИ И ИНОВАЦИИ, ИНДУСТРИСКО ИНЖЕНЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ, МОТОРНИ ВОЗИЛА, ЕНЕРГЕТИКА И ЕКОЛОГИЈА, МЕХАТРОНИКА, АВТОМАТИЗАЦИЈА И УПРАВУВАЧКИ СИСТЕМИ, ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН, Производно инженерство, Транспорт, механизација и логистика, Термичко инженерство, Автоматика и флуидно инженерство, Материјали, заварување и конструктивно инженерство, Индустриско инженерство и менаџмент, Моторни возила, Енергетика и екологија, Мехатроника, Менаџмент на животен циклус на производ, Метрологија, менаџмент и контрола на квалитет, Мехатронички системи, Индустриски дизајн и маркетинг, Управување со системи за безбедност и здравје при работа, Метрологија, менаџмент и контрола на квалитет, Машинство, Индустриско инженерство и менаџмент

    За образовниот центар

    Машинскиот факултет во Скопје нуди образование кое одговара на последните трендови на Европската Област за Високо Образование, како ЕКТС и постулатите на Болоњската декларација. Студиските програми се согласно потребите за производство на кадар кој ќе одговори на барањата за развој на индустриските гранки во Република Македонија, кадар кој ќе одговара на потребите на светски познатите компании. На Факултетот има шест Институти и еден Оддел и тоа: Институт за производно машинство со 5 лаборатории; Институт за машински конструкции, механизациони машини и возила со 3 лаборатории; Институт за термотехника и термоенергетика со 5 лаборатории; Институт за хидротехника, пневматика и автоматика со 2 лаборатории; Институт за заварување и заварени конструкции со 4 лаборатории; Институт за механика со една лабораторија и Оддел за математика и информатика. Институтите понатаму се поделени на добро опремени катедри и лабаратории или работни групи одговорни за академски и студиски развој во нивните полиња на научен интерес. Секој институт има свој раководител кој е одговорен за работата на институтот и за виското ниво на академски и професионален допринос на сите негови членови. Во состав на Факултетот, како посебни единици, работат и Сметачкиот центар и заедничките служби. Во наставно-образовниот процес, Факултетот нуди две програми за додипломски студии, и тоа: четири годишни студии (Академски) со чие завршување студентите се здобиваат со звањето Дипломиран инженер по машинство и три годишни студии (Професионални) по која студентите се здобиваат со некое од звањата: Дипломиран инженер по производна информатика, Дипломиран инженер по индустриски дизајн, Дипломиран инженер по применето термичко инженерство, Дипломиран инженер по хидраулика и информатика, Дипломиран инженер по заварување и дизајн на конструкции. Воедно, звањата се и насоките по кои се изведува наставата кај овие студии, додека кај четири годишни (Академски) студии наставата се изведува во следните насоки: производно инженерство; транспорт, механизација и логистика; термичко инженерство; автоматика и флуидно инженерство; материјали, заварување и конструктивно инженерство; индустриско инженерство и менаџмент; моторни возила; енергетика и екологија и мехатроника. Машинскиот Факултет нуди редовни студии од втор циклус на студии (последипломски студии) (во времетраење од 1 година) во девет студиски програми и вонредни студии (во времетраење од 2 години) во шест студиски програми по што студентите се здобиваат со звањето Магистер по машински науки. Факултетот нуди и докторски студии за стекнување со звањето Доктор на технички науки.

    7

  • Факултет за Електротехника и информациски технологии

    УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ" СКОПЈЕ

    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green

    3.75/5

    (48) Импресии

    Локација - Скопје

    Програми - Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија - (Прв циклус), Електроенергетски системи - (Прв циклус), Електроенергетика, управување и менаџмент - (Прв циклус), Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика - (Прв циклус) , Компјутерски технологии и инженерство - (Прв циклус), Компјутерско хардверско инженерство и електроника - (Прв циклус), Телекомуникации и информациско инженерство - (Прв циклус), Обновливи извори на енергија - (Втор циклус), Електрични машини и автоматизација - (Втор циклус), Електроенергетски системи - (Втор циклус), Електроенергетика - (Втор циклус), Проектен менаџмент - (Втор циклус), Автоматика, роботика и системско инженерство - (Втор циклус), Наменски компјутерски системи - (Втор циклус), Компјутерски мрежи – Интернет на нешта - (Втор циклус), Вградливи микрокомпјутерски системи - (Втор циклус), Дигитално процесирање на сигнали - (Втор циклус), Безжични системи, сервиси и апликации - (Втор циклус), Комуникациски и информациски технологии - (Втор циклус), Применета математика - (Втор циклус), Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој - (Втор циклус), Метрологија и менаџмент на квалитет - (Втор циклус), Микро и нано технологии - (Втор циклус), Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај - (Втор циклус), Енергетска електроника - (Втор циклус), Мултимедиски технологии - (Втор циклус), Wireless and Mobile Communications - (Втор циклус), Energy efficiency, environment and sustainable development - (Втор циклус), Интернет и мобилни сервиси и апликации - (Втор циклус), Dedicated Embedded Computer Systems and Internet of Things - (Втор циклус), Електротехника и информациски технологии - (Трет циклус), Метрологија - (Трет циклус)

    За образовниот центар

    Наша стратешка определба е да се развиваме и понатаму како водечка образовна и научно-истражувачка институција во Република Македонија на полето на електротехниката и новите технологии. Обезбедувајќи перманентна технолошка иновација, квалитет и креативност во наставните програми, остваруваме континуирано образование на стручни, креативни и претприемчиви индивидуи, кои не само што ќе работат успешно во својата професионална ориентација, туку и ќе создаваат нова работа и афирмираат нови можности и откриваат нови хоризонти. Нашата образовна мисија ја остваруваме со додипломските и последипломските студии со развивање на интензивна комуникација со студентите, Универзитетот и врвните слични институции во светот како и со „бизнисот” и стопанството. Постигнувајќи постојан успех во научно-истражувачката работа на домашен и меѓународен план, нашата научно-истражувачка мисија ја остваруваме со докторските дисертации и бројните меѓународни научно-истражувачки проекти. Создавајќи услови за трансфер на знаење и технологија ние даваме силна подршка на технолошкиот и економски одржлив развој на нашето стопанство. Нашата визија е припадност на семејството престижни институции на полето на електротехниката и новите технологии како и давање подршка на меѓународната интеграција на нашата земја и нашето стопанство од аспект на негова меѓународна конкурентност и трансфер на знаење и технологија.

    8

  • Технолошко-металуршки факултет

    УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ" СКОПЈЕ

    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green

    3.72/5

    (29) Импресии

    Локација - Скопје

    Програми - Дизајн и инженеринг на облека - (Прв циклус), Металургија дизајн и менаџмент - (Прв циклус), Неорганско инжинерство и заштита на животната средина - (Прв циклус) , Полимерни материјали - (Прв циклус) , Прехрамбена технологија и биотехнологија - (Прв циклус) , Дизајн и менаџмент на технолошки процеси - (Прв циклус) , Инжинерство на материјали и нанотехнологии - (Прв циклус), Нови материјали полимери - (Втор циклус), Инжинерство на животна средина - (Втор циклус), Неорганско инжинерство и заштита на животна средина - (Втор циклус), Менаџмент на конфекциски процеси - (Втор циклус), Менаџмент на квалитет - (Втор циклус) , Металургија и метални материјали - (Втор циклус), Текстилна хемиска технологија и екологија - (Втор циклус), Екстрактивна металургија - (Втор циклус) , Дизајн и менаџмент на технолошки процеси - (Втор циклус) , Електрохемиско инжинерство - (Втор циклус) , Биотехнологија - (Втор циклус), Управување со квалитет и безбедност на храната - (Втор циклус), Прехрамбена технологија - (Втор циклус-, Металургија - (Трет циклус), Технологија - (Трет циклус)

    За образовниот центар

    Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е истакната образовна и научно истражувачка институција, формирана во далечната 1959 година. Од 1965 година влегува во составот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во чии рамки работи и денес. Во своето повеќедецениско постоење, оваа институција даде значителен придонес во развојот на македонското стопанство, првенствено преку обезбедување на висококвалитетен и соодветно образуван кадар, притоа секогаш следејќи ги современите пазарни трендови и научни текови. Во сите овие години беше продуциран значителен број на дипломирани инженери, магистри и доктори на науки, кои со својата работа оставија белег во развојот на македонското општество. Истовремено факултетот активно и континуирано ја негува апликативната и научноистражувачката работа, земајќи учество во многубројни научноистражувачки и развојни проекти како за потребите на домашното стопанство така и за научни цели. Основната мисија на факултетот е и понатаму да обезбедува континуиран развој на соодветни кадри, со обезбедување на препознатливи и квалитетни наставни и научно истражувачки програми, да го задржи високото реноме во својот домен, како и да ги одржува и надоградува релациите со сродните научни институции и факултети.

    9

  • Природно математички факултет

    УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ" СКОПЈЕ

    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green
    • Star fully colored green

    3.61/5

    (25) Импресии

    Локација - Скопје

    Програми - Екологија - (Прв циклус), Нутриционизам - (Прв циклус), Биохемија и физиологија - (Прв циклус), Молекуларна биологија со генетика - (Прв циклус), Биологија - микробиологија - (Втор циклус), Биохемија и физиологија - (Втор циклус), Едукација во наставата по биологија - (Втор циклус), Екологија и биосистематика - (Втор циклус), Молекуларна биологија и генетика - (Втор циклус), Форензичка биологија - (Втор циклус), Демографија - (Прв циклус), Географски информациски системи - (Прв циклус), Наставна географија - (Прв циклус), Туризам - (Прв циклус), Географија - (Втор циклус), Демографија - (Втор циклус), Картографија и географски информациски системи - (Втор циклус), Етнологија и антропологија - (Прв циклус), Менаџмент и заштита на културно наследство - (Прв циклус), Етнологија и антропологија - (Втор циклус), Актуарска и финансиска математика - (Прв циклус), Математика - информатика - (Прв циклус), Наставна математика - (Прв циклус), Применета математика - (Прв циклус), Теориска математика - (Прв циклус), Математички науки и примени - (Втор циклус), Математичко образование во основно и средно училиште - (Втор циклус), Применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија, Применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија, Применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија, Применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија, Применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија, Применета математика - математичко моделирање и оптимизација - (Втор циклус), Астрономија и астрофизика - (Прв циклус), Геофизика и метеорологија - (Прв циклус), Медицинска физика - (Прв циклус), Наставна физика - (Прв циклус), Применета физика - (Прв циклус), Теориска физика - (Прв циклус), Геофизика - (Втор циклус), Медицинска физика - (Втор циклус), Метеорологија - (Втор циклус), Методика на наставата по физика - (Втор циклус), Применета физика - (Втор циклус), Сончева енергија - (Втор циклус), Астрономија и астрофизика - (Втор циклус), Теориска физика - (Втор циклус), Физика на компјутерски хардвер - (Втор циклус), Наставна хемија - (Прв циклус), Применета хемија - (Прв циклус), Аналитичка биохемија - (Прв циклус), Аналитичка биохемија - (Втор циклус), Наставна хемија - (Втор циклус), Применета хемија - (Втор циклус)

    За образовниот центар

    На 16 декември 1946 година, на Природно - математичкиот оддел, кој заедно со Историско - филолошкиот оддел го сочинувале Филозофскиот факултет, започнала работата на прватависокошколска установа во, тогаш, Народна Република Македонија. Настава се изведувала на катедрите за математика, физика, хемија, биологија, географија и етнологија. Тоа бил првиот факултет кој започнал да изведува настава на македонски јазик по Втората светска војна. Формирањето на Факултетот било од непроценливо значење и потреба во тоа време, бидејќи конечно биле остварени идеалите за основање на македонска педагошка ака­де­мија. Во наредните 12 години, Природно-математичкиот оддел бил дел од Филозофскиот факултет. Тоа биле првите почетоци, кога со голем ентузијазам на најуспешните професори од Македонија, заедно со многу угледни професори од Белград, Загреб и Љубљана, биле поставени темелите на развојот на природните, математичките и општествено - хуманистичките науки во НР Македонија. Во тој ран период биле образовани голем дел од идните професори на Природно-математичкиот факултет, кои подоцна станале и главните носители на образовната и научната дејност на Факултетот. Иако материјалните и просторните услови за работа во тоа време биле прилично скромни, благодарение на несебичното залагање и на квалитетот на тогашните професори, наставата не заостанувала зад земјите со биле со многу постара високообразовна традиција. Природно-математичкиот оддел, созревајќи кадровски, материјално и просторно, во 1958 година се одделил од Филозофскиот факултет, притоа формирајќи посебен Природно-математички факултет. Во овој период, паралелно со брзиот економски развој на државата, дошло и до брз подем во развојот на Природно-математичкиот факултет. Тоа се гледа преку бројноста на настано-научниот кадар, бројот на насоките, научните публикации, годишните зборници на институтите, збогатувањето на библиотечните фондови, научните усовршувања надвор од Републиката итн. Реформските зафати во државата во тоа време имале одраз и врз работата на Природно-математичкиот факултет, па наскоро Факултетот извесен период бил разделен на пет посебни факултети. Меѓутоа, поврзаноста на Природно-математичките дисциплини, рационалноста во работењето, како и многубројните општи заеднички интереси на тогашните факултети, во 1985 година довеле до повторна интеграција во Природно-математички факултет. Овој период бил карактеристечен не само по реинтеграцијата, туку тоа бил период кој се одликувал со брз развој на информатичките дисциплини, брзата компјутеризација и максималното користење на сите благодети што тоа ги овозможувало во интерес на развојот на научно-образовната дејност на факултетот кој се развивал во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Денес, на Природно-математичкиот факултет студираат околу 1400 студенти на сите три циклуси, работат околу 120 наставно-научни работници, кои, покрај наставата на матичниот факултет, изведуваат настава и на десетина други факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Факултетот има соработка со над 30 држави во светот. Големиот број објавени трудови во домашни и во странски научни списанија, големиот број домашни, странски и билатерални научно-истражувачки проекти, учеството на голем број научни собири во земјата и во странство, големиот број учебници, книги, монографии, сами по себе кажуваат многу за активностите и за развојот на Природно-математичкиот факултет во изминатите децении.

    10

  • 12

    16