Скопје.
Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ има за цел да дејствува како културно - едукативен простор во кој ќе се стимулира уметничкиот израз, став и набој, посебно инсистирајќи на ангажирано учество на публиката како краен реципиент. Полето на интерес на Центарот е фокусирано на изведувачките, визуелните, аудиовизуелните уметности низ аспектите на глобалниот, мултидисциплинарен израз на создавање, претставување и интерпретација на современите уметнички форми. Во состав на Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ е организирана образовна дејност на полето на филмската уметност, креативното пишување, визуелните уметности вклучувајќи ја и архитектурата како применета уметност.
Севкупна просечна оценка -