Филозофскиот факултет e најстарата високо-образовна институција во државата, основан во далечната 1920 година, кој својата наставно-научна дејност во првата учебна година ја започнал со 10 наставника и 30тина студенти. Денес, Филозофскиот факултет е современ, интердисциплинарен факултет, сочинет од 12 институти од хуманистичките и општествените науки, со 106 наставници и околу 3000 студенти на сите три циклуси на студирање.
Наставата на Филозофскиот факултет се одвива во рамки на 12 институти – филозофија, историја, педагогија, социологија, класични студии, историја на уметност и археологија, психологија, социјална работа и социјална политика, специјална едукација и рехабилитација, безбедност одбрана и мир, родови студии, семејни студии. Заклучно со учебната 2019/20 акредитирани се вкупно 19 студиски програми на прв циклус студии со 240 кредити, 34 студиски програми на втор циклус студии со 60 или со 120 кредити и 6 студиски програми на трет циклус студии со 180 кредити. Дипломите на сите три циклуси се широко признаени и овозможуваат продолжување на студиите на други универзитети во светот.
Покрај наставата, на Филозофскиот факултет има и развиена научно-истражувачка дејност. Во склоп на Факултетот постојат повеќе истражувачки центри, како Балкански Центар за проучување на мирот, Центар за образование и истражување, Анкетен истражувачки центар, Национален центар за континуирано образование за социјален развој, Центар за изработка и примена на тестови – Психометрика, Национален информатички центар за дефектолошки истражувања, Центар за едукациска поддршка на Ромите (ЦЕПОР), Центар за учебници по историја (ЦУИ), Центар за менаџмент на човекови ресурси, Центар за интеркултурни студии и истражувања, Центар за интегративна биоетика, Центар за доживотно учење. Исто, така Факултетот е издавач на 12 научни списанија кои имаат меѓународен карактер.
Филозофскиот факултет својата наставно-научна дејност ја вмрежува и во широко развиена меѓународна соработка. Филозофскиот факултет има 101 активен Еразмус договор со универзитети од Европа, учествува во 6 ЦЕЕПУС мрежи за универзитетска мобилност и има бројни билатерални договори со универзитети од светот. На Филозофскиот факултет се реализираат и голем број истражувачки проекти од меѓународен карактер. Факултетот е носител и партнер во неколку Еразмус проекти за стратешки партнерства во високото образование, партнер во проекти од програмата Хоризонти, ја реализира Европската судија за вредности за Македонија, член е во националната мрежа за Европското општествено истражување. како и голем број на проекти од билатерален карактер, во партнерство со меѓународните организации, како: Обединетите Нации, Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), УНИЦЕФ, и сл.
Програми
Циклус на студии
Додипломски Студии
Постдипломски Студии
Докторски Студии
Пронајди ја соодветната Програма
Вид на образование
Одбери вид на образование
Споделени искуства
Севкупна просечна оценка -
3.49/5
Анонимен, HR Generalist
Психологија - (Прв циклус) - Филозофски факултет
Алумни - Генерација 2006
Не бев задоволна од студиите по Психологија при Филозофски факултет. Немавме соодветни матерјали за учење, преовладуваа копии од различни книги, претежно на српско-хрватски јазик. Практична работа имавме само по 2 до 3 предмети и тоа при крајот на студиите, што многу ни недостасување примена на сетто она што го учевме. Голем дел од професорите не беа достапни за консултации и давање совети за проширување и усмерување на знаењето.
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка
1.4/5
Анонимен, Студент
Специјална едукација и рехабилитација - (Прв циклус) - Филозофски факултет
Сегашен студент
Јас студирам на Специјална едукација и рехабилитација. Доколку сеуште сте на мислење дали да ја одберете оваа насока, Ве советувам веднаш да се одлучите за истата. Љубовта и насмевките кои ќе ги добиете во текот на Вашата работа во иднина ќе Ве тераат уште повеќе и уште повеќе да вложувате во себе. Професорите на овој институт се со големо знаење, пријателски настроени и со широко отвори врати да го споделат нивното искуство. Ви посакувам среќа, нема да згрешите доколку се одлучите да се запишете на Специјална едукација и рехабилитација.
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка
5/5
Анонимен, Проектен Администратор
Социологија - (Прв циклус) - Филозофски факултет
Сегашен студент
Добро информирани професори со непристрасен став, богато знаење и љубов кон професијата, и социологијата како наука.
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка
4.1/5
Анонимен, Студентка
Специјална едукација и рехабилитација - (Прв циклус) - Филозофски факултет
Алумни - Генерација 2017
Најдобри!
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка
5/5
Анонимен, Образовен асистент
Социјална работа и социјална политика - (Прв циклус) - Филозофски факултет
Алумни - Генерација 2021
Прекрасни професори кои и после завршување на факултетот се трудат да останат во контакт со студентите и да им помогнат колку што можат.
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка
4.1/5
Наташа Јованова, Административен работник
Безбедност, одбрана и мир - (Прв циклус) - Филозофски факултет
Алумни - Генерација 2013
Денес не го работам она за кое што учев, но сепак не се каам и повторно би го избрала истото.
Самиот факултет односно програма може да биде далеко подобра, со многу повеќе пракса, со што во иднина студентите би излегле со многу повеќе знаење, снаодливост и би биле многу по корисни на нивните позиции.
Но, многу поголем недостаток е тоа што оваа програма бара врски за вработување