Машинскиот факултет во Скопје нуди образование кое одговара на последните трендови на Европската Област за Високо Образование, како ЕКТС и постулатите на Болоњската декларација. Студиските програми се согласно потребите за производство на кадар кој ќе одговори на барањата за развој на индустриските гранки во Република Македонија, кадар кој ќе одговара на потребите на светски познатите компании.
На Факултетот има шест Институти и еден Оддел и тоа: Институт за производно машинство со 5 лаборатории; Институт за машински конструкции, механизациони машини и возила со 3 лаборатории; Институт за термотехника и термоенергетика со 5 лаборатории; Институт за хидротехника, пневматика и автоматика со 2 лаборатории; Институт за заварување и заварени конструкции со 4 лаборатории; Институт за механика со една лабораторија и Оддел за математика и информатика. Институтите понатаму се поделени на добро опремени катедри и лабаратории или работни групи одговорни за академски и студиски развој во нивните полиња на научен интерес. Секој институт има свој раководител кој е одговорен за работата на институтот и за виското ниво на академски и професионален допринос на сите негови членови. Во состав на Факултетот, како посебни единици, работат и Сметачкиот центар и заедничките служби.
Во наставно-образовниот процес, Факултетот нуди две програми за додипломски студии, и тоа: четири годишни студии (Академски) со чие завршување студентите се здобиваат со звањето Дипломиран инженер по машинство и три годишни студии (Професионални) по која студентите се здобиваат со некое од звањата: Дипломиран инженер по производна информатика, Дипломиран инженер по индустриски дизајн, Дипломиран инженер по применето термичко инженерство, Дипломиран инженер по хидраулика и информатика, Дипломиран инженер по заварување и дизајн на конструкции. Воедно, звањата се и насоките по кои се изведува наставата кај овие студии, додека кај четири годишни (Академски) студии наставата се изведува во следните насоки: производно инженерство; транспорт, механизација и логистика; термичко инженерство; автоматика и флуидно инженерство; материјали, заварување и конструктивно инженерство; индустриско инженерство и менаџмент; моторни возила; енергетика и екологија и мехатроника.
Машинскиот Факултет нуди редовни студии од втор циклус на студии (последипломски студии) (во времетраење од 1 година) во девет студиски програми и вонредни студии (во времетраење од 2 години) во шест студиски програми по што студентите се здобиваат со звањето Магистер по машински науки. Факултетот нуди и докторски студии за стекнување со звањето Доктор на технички науки.
Програми
Циклус на студии
Додипломски Студии
Постдипломски Студии
Докторски Студии
Пронајди ја соодветната Програма
Вид на образование
Одбери вид на образование
Споделени искуства
Севкупна просечна оценка -
3.82/5
Анонимен, Customer product quality manager
ПРОИЗВОДНО ИНЖЕНЕРСТВО - МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
Алумни - Генерација 2005
Nisto posebno, ocekuvav mnogu poveke, mnogu profesori ne se zamaraat
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка
1.2/5
Кристијан Игнатовски, Машински инженер
МОТОРНИ ВОЗИЛА - МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
Алумни - Генерација 2018
Одличен наставен кадар со мали исклучоци, одлична студентска служба, добро се снајдоа во однос на рестрикциите при учење поради ковидот. Севкупно искуство за време на студирањето 8.5/10.
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка
4.3/5
Александар Коцевски, Sport bookmaker
ТЕРМИЧКО ИНЖЕНЕРСТВО - МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
Алумни - Генерација 2003
Одличен наставен кадар, одлична наставна програма, разни смерови преку кои секој иден инженер машински може да се пронајде. Студентски служба во која работат пријатен персонал.
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка
4.2/5
Новица Шотаровски, Managing Director
ИНДУСТРИСКО ИНЖЕНЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ - МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
Алумни - Генерација 1998
Бидејќи студирав во времето кога сеуште имаше Машинскиот факултет тежина (52 испита и 9 семестра) презадоволен сум од стекнатото основно знаење, networking активностите, посетата на компании и помошта при вработување.
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка
4.4/5
Анонимен, Masinski inzener
ТЕРМИЧКО ИНЖЕНЕРСТВО - МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
Сегашен студент
Smerot i profesorite se odlicni samo moe mislenje e deka treba pogolema prakticna nastava
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка
5/5
Вилија Јанчева, Машински инженер
ИНДУСТРИСКО ИНЖЕНЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ - МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
Алумни - Генерација 2009
Одлично искуство кое те гради како личност со самочувствие на одговорност, флексибилен начин на размислување, ергономен допир на општествената работа во индустрија и развивање на таква логика. Прекрасна соработка со едукативниот кадар и несебично споделување на искуства. Исто така важна работа во денешно време е што едукативниот материјал и книжевен фонд е со разумна цена на чинење за повеќето колеги.