На 16 декември 1946 година, на Природно - математичкиот оддел, кој заедно со Историско - филолошкиот оддел го сочинувале Филозофскиот факултет, започнала работата на прватависокошколска установа во, тогаш, Народна Република Македонија. Настава се изведувала на катедрите за математика, физика, хемија, биологија, географија и етнологија. Тоа бил првиот факултет кој започнал да изведува настава на македонски јазик по Втората светска војна. Формирањето на Факултетот било од непроценливо значење и потреба во тоа време, бидејќи конечно биле остварени идеалите за основање на македонска педагошка академија. Во наредните 12 години, Природно-математичкиот оддел бил дел од Филозофскиот факултет. Тоа биле првите почетоци, кога со голем ентузијазам на најуспешните професори од Македонија, заедно со многу угледни професори од Белград, Загреб и Љубљана, биле поставени темелите на развојот на природните, математичките и општествено - хуманистичките науки во НР Македонија. Во тој ран период биле образовани голем дел од идните професори на Природно-математичкиот факултет, кои подоцна станале и главните носители на образовната и научната дејност на Факултетот. Иако материјалните и просторните услови за работа во тоа време биле прилично скромни, благодарение на несебичното залагање и на квалитетот на тогашните професори, наставата не заостанувала зад земјите со биле со многу постара високообразовна традиција.
Природно-математичкиот оддел, созревајќи кадровски, материјално и просторно, во 1958 година се одделил од Филозофскиот факултет, притоа формирајќи посебен Природно-математички факултет. Во овој период, паралелно со брзиот економски развој на државата, дошло и до брз подем во развојот на Природно-математичкиот факултет. Тоа се гледа преку бројноста на настано-научниот кадар, бројот на насоките, научните публикации, годишните зборници на институтите, збогатувањето на библиотечните фондови, научните усовршувања надвор од Републиката итн. Реформските зафати во државата во тоа време имале одраз и врз работата на Природно-математичкиот факултет, па наскоро Факултетот извесен период бил разделен на пет посебни факултети.
Меѓутоа, поврзаноста на Природно-математичките дисциплини, рационалноста во работењето, како и многубројните општи заеднички интереси на тогашните факултети, во 1985 година довеле до повторна интеграција во Природно-математички факултет. Овој период бил карактеристечен не само по реинтеграцијата, туку тоа бил период кој се одликувал со брз развој на информатичките дисциплини, брзата компјутеризација и максималното користење на сите благодети што тоа ги овозможувало во интерес на развојот на научно-образовната дејност на факултетот кој се развивал во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Денес, на Природно-математичкиот факултет студираат околу 1400 студенти на сите три циклуси, работат околу 120 наставно-научни работници, кои, покрај наставата на матичниот факултет, изведуваат настава и на десетина други факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Факултетот има соработка со над 30 држави во светот. Големиот број објавени трудови во домашни и во странски научни списанија, големиот број домашни, странски и билатерални научно-истражувачки проекти, учеството на голем број научни собири во земјата и во странство, големиот број учебници, книги, монографии, сами по себе кажуваат многу за активностите и за развојот на Природно-математичкиот факултет во изминатите децении.
Програми
Циклус на студии
Додипломски Студии
Постдипломски Студии
Докторски Студии
Пронајди ја соодветната Програма
Вид на образование
Одбери вид на образование
Споделени искуства
Севкупна просечна оценка -
3.58/5
Фросина Станоевска, Раководител на контрола на квалитет
Аналитичка биохемија - (Прв циклус) - Природно математички факултет
Алумни - Генерација 2006
Одлични професори достапни за студентите и одличен пристап во предавање на знаењето.
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка
4.6/5
Наде Ампова, Германски агент
Биохемија и физиологија - (Прв циклус) - Природно математички факултет
Сегашен студент
Факултетот пред се е природни науки и многу корисен, но за жал не е доволно платен кај нас.
Се полага теорија и практичен дел за да можете да земете оценка.
Материјалот е прилично тежок и обемен и професорите бараат знаење и понекогаш е форсирано и напорно.
Имаме и теренска настава за некои предмети.
Изработки на инсектариуми и хербариуми (наставна насока/биологија)
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка
3.5/5
Анонимен, Невработен
Туризам - (Прв циклус) - Природно математички факултет
Сегашен студент
Не е катастрофална, но доста неорганизирана програма, со значителен број на бесмислени предмети. и голем дел од професорскиот кадар не е често достапен за студентите, било да е лично во факултетот или на емаил.
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка
2.6/5
Јане Кардула, Докторант
Применета математика - (Прв циклус) - Природно математички факултет
Алумни - Генерација 2010
Добра програма за студенти кои сакаат да се фокусираат повеќе на органска хемија. Институтот има одлични професори кои можат да припремат суденти за втор и трет циклус на студии дури за надвор од Македонија. Многу ми помогнаа да ја развијам хемиската интуиција. Единствен проблем е финансирањето на лабораториите во однос на опрема, хемикалии. Нешто што ми стана јасно кога отидов на пост дипломскии студии во странство. Но, поради припремата од страна на институтот и тоа што ме научија не ми требаше многу време да се вклопам во новата лабораторија.
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка
4.1/5
Анонимен, Биолог
Биохемија и физиологија - (Прв циклус) - Природно математички факултет
Алумни - Генерација 2013
Факултетот е доста захтевен, бара многу вложување на труд и поминување доста саати во денот на ПМФ, материјалот е обемен и доста тежок. Професорите се достапни за консултации.
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка
3.1/5
Миле Милковски, Развој на партнерства
Наставна географија - (Прв циклус) - Природно математички факултет
Алумни - Генерација 2000
Очекував многу повеќе.Многу пасивна настава за студенти по Географија. Очекував повеќе истражувачка настава, запознавање на наставата на терен. Колку што се сеќавам на 2 или 3 пати отидовме на терен. Немаше размена на професори и студенти од други земји и факултети.Немаше списанија, програми од странство. Подоцна видов колку организации има во светот кој секојдневно комуницираат меѓу студентите по географија. Ние бевме отцепени од сето тоа, дури немаше ни некое предавање од некој професор од соседството. Со една реченица, многу застарена, затворена и сувопарна настава.