Анонимен, текстилен инж.
Дизајн и инженеринг на облека - (Прв циклус) - Технолошко-металуршки факултет
Алумни - Генерација 2008
Почита и пријателскиот однос од страна на професорите и асистентите кон студентите, секогаш била на високо ниво. Јас како студент никогаш не сум имала чуство на пониска вредност, а сметам дека секој студент заслужува таква почит како би имал плус мотив за многу области во животот. Наставната програма во периодот кога јас студирав 2008-2013 вклучуваше доста предмети во кој беа темелно опфатена технологија која во РСМ денес е изумрена, за жал. Сметам деака е бесцелно да бидат толку темелно опфатени кога не би можеле да се применат. Моментално има промена во програмата и доста од тие според мене небитни предмети се исфрлени. Во однос на вработување, достапни се доста работни места бодејки имаме голем број фабрики за производство на облека. Негативната страна кај работата е тоа што текстилните работници сеуше е доста експлотиран кај нас.
Вкупен впечаток
Наставна програма
Помош при вработување
Професори
Комуникација со вработени
Севкупнa оценка