Севкупна просечна оценка -
4.41/5
Позитивно изненадена бидејќи не се вклопува во стереотипот што нашето општество го има за “приватните” факултети. Кадарот што е на политички е прекрасен (со исклучок на два/тројца). Професорите што предаваат самире имаат стекнато знаење од високо рангирани факултети во странство и пробуваат да го пренесат истото на студентите. Администрацијата е прекрасна, организирана, секогаш достапма, љубезни и на време. Со ковид (online) се справија многу брзо ама платформата што беше изберена беше од среден квалитет WebEx. Според мене единственото нешто што би го сменила е тоа што присуството влијае премногу на оценката, полошо и од средна школа е. Исто секогаш викам, можеби е релативно лесно да се пројде со 6ка, ама за висок просек воопшто не е. За асистенција при вработување има многу соработка со фирми од економските сфери. Но за политички не толку.
Комуникација со вработени

Како студент кој ја заврши својата прва академска година, можам искрено и целосно да го искажам своето задоволство. Во оваа содржина би сакал да се осврнам на неколку сегменти од моето искуство на овој факултет.
Првично се вработените (засега исклучувајќи ги професорите од оваа категорија) кои се постојано достапни за какво било прашање кое ние (студентите) би го имале, дури и надвор од-работно време. Главната заслуга за комфорот кој го искусив на овој факултет се должи на целосната дигитализација на административните услуги, особено олеснетата комуникација со службениците во универзитетската администрација.
Потоа, би го нагласил високото ниво на квалитет помеѓу професорскиот кадар. Со нивната целокупна решителност да се посветат на секој од студентите, како и нивниот акцент на водење дискусии и практични задачи се одржува една средина исполнета со (корисни) академски дебати кои придонесуваат до нашето образование и спремност за пазарот на труд. Професорите се секогаш достапни за консултации, поврзани со материјалот или пак некоја дополнителна тематика. Лично, неколку професори ми излегоа во пресрет кога ми дадоа писма за препорака коишто ми послужија да ме прифатат на една (за мене од енормна важност) позиција.
Претпоследно би ги нагласил дополнителните настани и предавања (надвор од официјалните предавања за предмети) кои ги организира факултетот со врвни домашни и меѓународни експерти. Помеѓу други значајни предавачи, јас лично благодарание на факултетот ја имав привилегијата да ги слушам Димитар Ковачевски, Фатмир Бесими, Edward Joseph и многу други.
Последно би ги нагласил достапноста и вреднувањето на академскиот успех. Универзитетот секоја година нуди по неколку можности за стипендирање, со што ги отвора своите врати за сите заинтересирани и компетентни ученици. Исто така нудат попусти за школарина за тие студенти со постигнат одличен академски успех за време на академската година.
За крај би додал дека поради факултетот и препорака од една од професорките на него, ова лето ќе имам уникатно искуство одејќи на академска размена во Република Чешка, гест кој не се среќава често од страна на професори.
Комуникација со вработени
До сега односно веќе три години како што сум студент по психологија на Американ Колеџ, можам да кажам дека сум прилично задоволна од факултетот,професорите, материјалнот којшто се учи и флексибилноста на распоредот на предавања. Факултетот по психологија нуди врвни материјали за учење како што се книги донесени од Америка и Канада. Материјалите за учење, а исто така и книгите, се напишани од врвни и познати психолози, но исто така од експерти по маркетинг. Можам да кажам дека овој смер се фокусира на општата психологија, но исто така става акцент и на психологијата во бизнисот и маркетингот.
Комуникација со вработени
Моето искуство со Универзитетот Американ Колеџ Скопје е супер, бидејќи истиот ми пружи можности за студирање во странство преку програма за размена, и исто така квалитетно образование.
Комуникација со вработени
До сега сум скоро па задоволен од фалкултетот, како најголем проблем би го издвоил студирањето на англиски јазик бидејќи е стручен англиски со многу стручни термини кои не сум ги знаел ни на македонски а камоли на англиски… Многу добри вработени има како во студенски прашања така и во библиотека, финансии…Има многу строги и принципиелни професори, но има и многу лајт и фини професори. Се на се, би кажал дека доколку немав некое претходно познавање од политика би ми било многу тешко да ги сфаќам и разберам предавањата, па моја препорака за идните студенти би била доколку имаат претходно познавање од областа на домашна и интернационална политика и солидно познавање на англиски јазик да се запишат!
Комуникација со вработени